Велика Британија го крати карантинот за патниците со негативен тест

Од:

Британските власти од 15 декември ќе го скратат двонеделниот карантин за патниците кои имаат направено негативен тест за коронавирусот, пет дена по влегувањето во земјата.

Како што објави британската Влада, оваа одлука треба да го заживее туризмот, особено воздушниот сообраќај, што претрпе значителни загуби за време на пандемијата.

Од 15 декември, патниците кои ќе пристигнуваат во Велика Британија со авион, траект или воз, ќе можат да го прекинат на карантинот доколку нивниот тест за Ковид-19 биде негативен пет дена по пристигнувањето.

Патниците ќе мора да закажат тест пред патувањето, да пополнат формулар за тоа каде можат да бидат лоцираат и мора да бидат во изолација до резултатите од тестот.

Оние кои ќе изберат да не бидат тестирани пет дена по пристигнувањето во Велика Британија, ќе мора да го почитуваат двонеделниот карантин.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он