Велика Британија и ЕУ постигнале договор за цената на Брегизт

Од:

Помеѓу 45 и 55 милијарди евра ќе биде цената за напуштањето на ЕУ која што Велика Британија ќе треба да ја плати, пренесува Би-Би-Си.

Британските и европските преговарачи потврдиле дека се договориле околу цифрата кон крајот на минатата недела. Како што објави „Телеграф“ конечната сума ќе биде меѓу 45 и 66 милијарди евра, во зависност од сметката што ќе биде дадена од секоја од страните врз основа на заедничката методологија.

Ова прашања останува нерешено, откако Велика Британија нудеше околу 20 милијарди евра, додека ЕУ сметаше дека сметката треба да биде помеѓу 50 и 60 милијарди евра, а се уште нема официјална потврда од ЕУ и британското министерство за Брегизт за постигнатиот договор.

Пред излегувањето на Велика Британија од ЕУ, Брисел бара напредок по прашањата за правата на европејците во Велика Британија, последиците од разделувањето на границата меѓу Ирска и Северна Ирска и порамнување на сметките.

Челниците на членките на ЕУ на 14 и 15 декември ќе се изјаснат дали се согласуваат со започнување на втората фаза од преговорите, доколку е остварен доволен напредок во тие три прашања.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Во Велика Британија: Уапсена е жена осомничена за убиство на десетгодишно девојче

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он