Велика Британија, Данска и Германија најавија дополнителна воена помош за Украина

Од:

Велика Британија и Данска ќе ѝ испратат на Украина дополнителна финансиска и воена помош. Двете земји информираа за помошта за време на состанокот на европските министри за одбрана во Копенхаген, каде се договара долгорочна поддршка за Украина.

dobivaj vesti na viber

Велика Британија, која на Украина веќе ѝ донираше напредни системи за оружје и обезбеди обука за неколку илјади украински војници, објави дека ќе испрати повеќе ракетни системи, а планира и да донира „значителен број“ проектили со прецизно наведување М31А1, што може да погодат цели оддалечени до 80 километри.

– Оваа последна транша од воена поддршка ќе им овозможи на вооружените сили на Украина да продолжат со одбраната од руската агресија и неселективна употреба на артилерија со долг дострел, изјави британскиот министер за одбрана Бен Волас.

Данска ќе ја зголеми својата финансиска помош за Украина за 110 милиони евра, според премиерката Мете Фредериксен.

– Ова е војна против вредностите на што се изградени Европа и слободниот свет… Денеска повторно ја потврдуваме нашата посветеност да ја поддржиме Украина, додаде таа.

Украина ќе продолжи да добива поддршка и од Германија. Германскиот канцелар Олаф Шолц најави и понатамошно снабдување со оружје за борба против Русија, од страна на Германија за Украина.

– Германија ја прекина својата традиција и достави оружје во воена зона. Ќе продолжиме да го правиме тоа и во блиска иднина, подвлече Шолц на прес-конференција во Берлин.

Конференцијата во Копенхаген е продолжение на состанокот во април во американската воздухопловна база во Германија, каде беше формирана Контакт група за одбрана на Украина, предводена од САД, што ја координира меѓународната воена поддршка за земјата.

На конференцијата свое обраќање имаше и украинскиот претседател, Володимир Зеленски, кој одржа говор преку видео.

– Русија е терористичка држава, што ја држи во заложништво нуклеарната централа Запорожје и ја користи за уцена, истакна тој.

Зеленски ја предупреди меѓународната заедница на опасност од нова нуклеарна катастрофа, слична на таа во Чернобил од 1986 година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Да избегне конфликти, Грузија на руските граѓаните ќе им овозможи да ја преминат границата и пешки

А1он

Британско Министерство за одбрана: Путин за неколку дена ќе објави победа

А1он

Песков загрижен: Оштетувањата на гасоводите „Северен тек “ можеби биле предизвикани од саботажа

А1он

Казахстанскиот претседател вети заштита на Русите кои бегаат од мобилизацијата

А1он

Се појави Моцарт, пандан на озлогласениот Вагнер: И двете групи се именувани по композитори, но други сличности нема

А1он

Медведев: Русија има потполно право да употреби нуклеарно оружје

Катерина Павлова-Николовска