Велика Британија целосно ја укинува самоизолацијата за заразените напролет

Од:

Обединетото Кралство има намера да го укине правилото дека луѓето мора да бидат изолирани откако ќе бидат заразени со коронавирус, пишува Телеграф.

Премиерот Борис Џонсон сака трајно да ги укине законите за коронавирус бидејќи бројот на случаи на Kовид-19 во Британија продолжува да опаѓа, пишува весникот, додавајќи дека општите упатства ќе останат на сила, но нема да резултираат со казни доколку не се почитуваат.

На плановите ќе се работи во текот на следните недели, а одлуката се очекува на пролет, се додава. Минатата недела, министерот за здравство Саџид Џавид рече дека самоизолацијата поради Ковид-19 во Англија ќе се намали на пет дена од седум, откако лицето ќе има два негативни теста.

Џонсон, исто така, треба да го укине планот Б од ковид-рестрикциите, воведен минатиот месец за да го забави ширењето на варијантата омикрон, објави претходно Телеграф.

Според планот Б во Англија, луѓето беа охрабрувани да работат од дома што е можно повеќе и да носат маски во јавниот превоз и на јавни места, а мораа да покажат сертификати за ковид за да влезат во ноќни клубови и големи настани.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он