Веднаш напуштете ја Русија: Полска и Бугарија испратија итно предупредување до своите граѓани

Од:

Владите од Полска и Бугарија ги повикуваат своите граѓани кои се уште се во Русија веднаш да ја напуштат земјата. Како што пренесува „Гардијан“, тоа би можело да биде потег во очекување на уште поголеми гужви на граничните премини, со оглед на тоа што се повеќе луѓе бегаат од Русија од мобилизацијата за војната во Украина.

Министерството за надворешни работи на Бугарија синоќа преку соопштение ги повика граѓаните на таа земја „да се воздржат од патување во Руската Федерација“ и ги советува бугарските државјани кои се во Русија „да ја разгледаат можноста да ја напуштат земјата што е можно поскоро , користејќи ги моментално достапните превозни средства“.

Слично соопштение даде и полското Министерство за надворешни работи, пренесува Index.hr.

– Во случај на драстично влошување на безбедносната ситуација, затворање на границата или други непредвидени околности, евакуацијата би можела да биде значително потешка, па дури и невозможна. Им препорачуваме на граѓаните на Полска кои се на територијата на Русија да ја напуштат нејзината територија користејќи достапни комерцијални или приватни транспортни средства – се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов руски напад на Харков, убиено 12-годишно момче

Катерина Ѓуровски

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Русија издаде налог за апсење на шефот на украинската служба за безбедност поради тероризам

Кремљ: Мировни преговори за Украина без учество на Русија се апсурдни

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Рускиот амбасадор не одговорил на повикот на Полска: Прво понудете докази

Предраг Петровиќ