Вечерва убиен и ал-Мухаџир, десна рака на ал-Багдади

Од:

Сириската Курдска милиција вечерва објави дека портпаролот на џихадистичката група Исламска држава Абу ал-Хасан ал-Мухаџир е убиен во заедничка акција на Курдите и американски сили во северна Сирија.

Сириските демократски сили (СДФ), објавија дека Абу ал-Хасан ал-Мухаџир е убиен во близина на сирискиот пограничен град Јараблус, според разузнавачките информации што им ги дале СДФ и американската војска.

Главниот командант на СДФ, Мазлум Абди, рече дека нападот е „продолжение на претходната операција“ во која беше убиен Абу Бакр ал-Багдади, водач на Исламската држава.

Абу Бакр ал-Багдади, беше убиен во операцијата на американските специјални сили во североисточна Сирија, која нанесе сериозен удар на џихадистичката група.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Македонија се усогласи со дополнителните санкции на ЕУ за Исламска држава и Ал Каеда

Катерина Ѓуровски

По масакрот во Москва, Исламската држава се врти кон Европа и Америка

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

Исламската држава го пофали терористичкиот напад во Москва

Горан Наумовски