Вечерва рок концерт во Барселона за 5000 лица со негативен ПЦР тест

Од:

Во Барселона вечерва ќе се одржи рок концерт на кој ќе присуствуваат 5.000 љубители на музиката откако ќе бидат тестирани за Ковид-19.

Властите дозволија концертот на шпанската рок група „Love of Lesbian“ да се одржи со задолжителен тест, а со цел да се тестира ефикасноста на тестирањето во спречување на ширење на заразата на големи културни настани.

Луѓето кои ќе присуствуваат на концертот ќе можат слободно да се движат, но задолжително ќе мора да носат маски. Властите побараа лица со срцеви заболувања, карцином или оние кои биле во контакт со некои од заразените, да не се пријавуваат за присуство на концертот.

Оние кои купуваат билет можат да изберат од три локации во Барселона каде ќе можат да бидат подложени на брз антиген тест. Посетителите со негативен резултат ќе добијат код на нивниот мобилен телефон, што ќе го потврди нивниот билет за концертот во салата „Палау Сан Ѓорди“ во 19:00 часот.

Организаторите наведуваат дека ова е прв настан од волкав обем во Европа од почетокот на пандемијата.

Цената на билетот, која изнесува од 23 до 38 евра, ќе ги вклучува трошоците за тестирање и висококвалитетната маска, која сите ќе треба да ја носат освен додека консумираат храна или пијалоци.

Во Шпанија во сила се мерки што дозволуваат присуство на само четири лица во затворен простор.

Би можело да ве интересира

Два гола на Англичанецот за победа на Реал Мадрид против Барса

Воз усмрти четири лица во Барселона

Барселона се ослободи од играчот кој беше голем проблем

Предраг Петровиќ

Скаути на Барселона го гледале Мукоко

ВИДЕО: Турист нападнат од крадци со нож, тепачка и брканици сред Барселона

Предраг Петровиќ

Во судар на возови кај Барселона еден загинат и 85 повредени патници

А1он