Вебер: Ако бидам претседател на Еврокомисијата ќе ги запрам преговорите со Турција

Од:

Кандидатот на Европската народна партија (ЕПП) за претседател на Еврокомисијата Манфред Вебер изјави дека доколку биде избран, ќе ги запре преговорите со Турција за членство во ЕУ.

– Како кандидат за претседател на Европската Комсија сакам да бидам конкретен и разбирлив за луѓето. Поради тоа и ветувам дека ако станам претседател на Комисијата, ќе ги запрам пристапните преговори со Анкара, бидејќи сметам дека Турција не може да биде членка на ЕУ, изјави тој за словенечки „Вечер“.

Вебер, исто така, повика на масовна излезност на претстојните избори за Европскиот парламент.

– Не смее да се случи по изборите да се разбудиме со Европски парламент, во кој мнозинството избрани пратеници ќе бидат од листите на популистите и екстремистите кои одбиваат соработка и компромиси, а тоа е реално и сè ќе заврши во националистичка и егоистична Европа, нагласи Вебер.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Светот е поголем од петте членки на Советот за безбедност на ОН, не се во состојба да го решат израелското прашање

ЕК: Договорот со Лондон мора да содржи целосно изводливо и законско оперативно решение

Ана Ололовска

Турција: Европарламентот ја осуди хајката против избраните градоначалници

Ана Ололовска

Европската комисија ја уверува јавноста дека има доволни резерви на гас за оваа зима

Татјана Ташкова

Фон дер Лaјeн „отворена“ за прилагодувања во новата Европска комисија

Трамп: САД можат да влезат во која било земја само со еден телефонски повик