Ватикан застана во одбрана на папата Бенедикт по обвинувањата дека знаел за сексуалните злоставувања во црквата

Од:

Ватикан денеска застана во одбрана на пензионираниот папа Бенедикт Шеснаесетти, соопштувајќи дека не треба да се бара „лесен жртвен јарец и да се донесуваат пресуди во кратка постапка“.

dobivaj vesti na viber

Ова е првата официјална реакција на Ватикан на обвинувањата против папата Бенедикт, дека како надбискуп Џозеф Рацингер во Минхен, кон крајот на осумдесетите години на минатиот век, знаел за четири случаи на сексуална злоупотреба во рамките на Римокатоличката црква и за тоа не реагирал.

Наводите беа изнесени во извештајот на независната истрага за работата на Минхенската надбискупија, спроведена од адвокатската канцеларија „ Westpfahl Spilker Wastl “.

Шефот на ватиканската служба за односи со јавноста, Андреа Торниели, излезе со свој коментар на извештајот во напис објавен на порталот „Ватикан њуз“.

Во него, Торниели потсети дека Бенедикт е првиот папа што се сретнал со жртвите на малтретирањата, дека вовел строги норми на казнување на свештениците кои силувале деца и дека и наложил на црквата да оди „по патот на смирението, барајќи прошка за злосторствата на нејзините свештеници“.

„Сето ова не може да се заборави ниту да се избрише“, напиша тој, додавајќи дека жртвите често пати биле третирани како непријатели на црквата, но дека Рацингер бил тој кој помогнал за промена на овој став, слушајќи ги жртвите и барајќи од нив прошка.

Торниели истакна дека извештајот не е судска казна и рече дека би помогнал во борбата против овој проблем само доколку информацијата „не се сведе на барање лесен жртвен јарец и донесување пресуди во кратка постапка“.

Актуелниот надбискуп на Минхен, кардинал Герхард Маркс, утре треба да одржи прес-конференција на која ќе зборува токму за извештајот и обвинувањата против него.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филмска потера пред Ватикан: Албанец ја проби блокадата со автомобил, полицијата пукаше во гумите

Ана Ололовска

Орбан во посета на Ватикан

Ватикан го нарече бомбардирањето на болницата во Мариупол „неприфатливо“

А1он

Ватикан на руската Влада и изразил загриженост поради војната во Украина

Ана Ололовска

Папата Франциск ги критикуваше лажните вести за коронавирусот и вакцините

А1он

Минхенскиот надбискуп Маркс повикува на длабоки реформи во Римокатоличката црква по извештајот за злоставувања

А1он