Ватикан побарал средба на папата Франциск со Си Џинпинг во Казахстан, но Кина одбила

Од:

Ватикан и пренел на Кина дека папата Франциск сака да се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг додека двајцата се наоѓаат во главниот град на Казахстан, но Кина одговорила дека нема доволно време за тоа, изјави синоќа извор од Ватикан.

Изворот не наведува други детали за тоа како и кога Ватикан ја пренел пораката до Кина, со која е ангажиран во чувствителниот дијалог за статусот на Римокатоличката црква во земјата.

Ватикан „покажа отвореност“, но кинеската страна рече дека „го цени гестот“, но дека Си Џинпинг нема време за средба, изјави изворот.

И папата и Си пред два дена беа во Астана, каде кинескиот претседател беше во официјална посета, а папата учествуваше на Конгресот на светските верски водачи.

Средбата меѓу папата и кинескиот претседател, колку и да беше кратка, секако би била историски момент.

Зборувајќи со новинарите што го придружуваа на летот за Казахстан папата Франциск во вторникот беше прашан дали има можност да се сретне со Си во Астана, но тој скромно одговори: „Не знам ништо за тоа“.

На прашањето,пак, кога ќе биде подготвен да отпатува во Кина, тој одговори „секогаш сум подготвен да одам во Кина“.

Папата се обиде да ги подобри историски лошите односи меѓу Светата столица и Кина, а во интервју за Ројтерс во јули рече дека се надева дека ќе го обнови тајниот и контроверзен договор за назначување римокатолички бискупи во Кина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кина жестоко го критикуваше Израел, но не ги спомна иранските напади

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди регионот на Синџан во Кина

Кина ја погоди земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала

(ВИДЕО) Во Кина: Експлозија на гас во ресторан, две лица загинаа, 26 се повредени

Горан Наумовски

Кина: Нема добро оправдување за масакрот на цивилите во Газа

Горан Наумовски

Кина најави дека ќе ја „трансформира економијата“, се очекува голем раст

Горан Наумовски