Ватикан: Фрагментот од „евангелието на жената на Исус” е фалсификат

Од:

Фрагментот од древниот папирус за кој научничка од Харвард тврди дека содржи текст во кој се споменува жената на Исус Христос – е фалсификуван, тврди Ватикан.

„Многу причини наведуваат дека станува збор за несмасен фалсификат. Како и да е, папирусот е лажен”, напиша во уводникот на витиканскиот весник Osservatore Romano, уредникот Џиан Мариа Виан.

Вклучувајќи се во жестоката расправа за автентичноста на текстот напишан на древен коптски јазик, весникот објави соодветна анализа на експертот Алберт Камплани од римскиот универзитет Ла Специја, кој ги изнесува своите сомневања во ракописот и повикува на голема претпазливост при донесувањето на заклучоци.

Професорката од Харвард, Карен Кинг, на конгресот на коптските студии одржан во Рим минатата седмица, претстави фрагмент на кој пишува „Исус им кажа, моја жена”, како ракопис од IV век.

Нејзината студија веднаш ја подели академската заедница. Некои ја пофалија како пресвртничко откритие, додека, пак, други многу брзо ги изразија своите сомнежи.

„Навистина, малку е веројатно дека е автентичен”, изјави професорот од универзитетот во Дархам, Френсис Ватсон, кој во својата анализа тврди дека станува збор за испреместени фрази од познатиот коптски текст. Ватсон кој и претходно проучувал фалсификувани евангелија, тврди дека многу поверојатно е дека станува збор за стар неиспишан дел од папирус на кој фалсификатор во XX или во XXI век дополнително напишал текст за да заработи.

Ватсон, исто така, тврди дека зборовите на парчето папирус граматички не се вклопуваат во поширокиот текст. „Можно е да се дојде до старо, неиспишано парче папирус и да се напише нов текст. Низ целиот Блиски исток постои пазар на лажни антиквитети .., претпоставувам дека во овој случај мотивот има финансиски карактер”, вели Ватсон.

Би можело да ве интересира

Полскиот историчар Рубаха тврди: Илинденското востание го раководеле Бугари

Орце Костов

ЗИРМ: Учебникот по Историја за V одделение изобилува со погрешни информации и со неосновани констатации

Горан Наумовски

Николај Милков: Пред да влезе во ЕУ, Македонија треба да се раздели со лажните парадигми во историјата

Орце Костов

Џамбаски: Господине Османи, Гоце Делчев е Бугарин, нема две верзии на историјата

Орце Костов

Бугарски научници: Лагите на македонските историчари ќе се најдат во сите светски библиотеки

Орце Костов

Видео: „Срам и арам, ни јазикот бетон, ни историјата – во ЕУ не ќе влеземе ни за 100 години“ – експерти контра владата

Анита Петровска Рајковиќ