Вашингтон во конфликт со сојузната држава Њујорк поради новиот закон за издавање возачки дозволи

Од:

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп, преку Департментот за национална безбедност, ја укина програмата за брзо поминување пасошка контрола без да се чека на ред во аеродромите и граничните премини на Њујорк.

Како што синоќа обаснија од Администрацијата, одлуката е одговор на нововоедената политика на властите на сојузната држава Њујорк за издавање возачки дозволи на имигранти, „која ја загрозува национална безбедност со нов закон овозможувајќи им на нелегалните имигранти да добиваат возачки дозволи“.

Според законот, недокументираните имиграни можат да аплицираат за возачка дозвола и федералните безбедносни служби немаат право на увид во базата на податоци на Одделот за моторни возила без судски налог.

Во одделот се чуваат информации за сите издадени возачки дозволи.

Од Администрацијата изјавија дека со овој закон Њујорк прави пречки во надлежностите на федералните безбедносни служби во нивните „напори да се зачува безбедноста во земјата“.

Оттаму изјавија дека ќе ја укинат забраната на програмата за брзо поминување ако Њујорк им даде увид во базата на податоци за моторни возила.

Официјални лица на сојузната држава Њујорк денеска соопштија дека ќе ја тужат Администрацијата на Трамп.

Ова е грубо мешање во работата на власта на Њујорк, и насилничка политичка тактика која им штети на њујорчани во секој политички поглед, изјави денеска демократскиот гувернер на Њујорк Ендру Куомо.

Конфликтот меѓу Админситрацијата во Вашингтон и Њујорк може да влијае врз навиките на 175 илјади жители кои патуваат од или се враќаат во Њујорк, вклучени во програмата.

Невидена ароганција, непочитување на законот и уште една форма на изнуда, рече гувернерот, кој чекорот на Админисрацијата го спореди со „тоа што Трамп и го направи на Украина“.

Би можело да ве интересира

Шест поротници се избрани за судењето на Доналд Трамп

Започнува судењето на Трамп, првото судење на американски претседател во историјата

Планот на Трамп за Украина ќе започне со притисок врз Москва и Киев да преговараат

Горан Наумовски

Трамп: Врховниот суд на Аризона отиде предалеку со својата одлука за абортус

„Вашингтон пост“: Трамп би извршил притисок врз Украина да се откаже од Крим и Донбас

Кампањата на Трамп собра рекордни 50,5 милиони долари на вечера со донатори