„Вашингтон пост“ наложи задолжителна вакцинација за своите вработени

Од:

Сите вработени во „Вашингтон пост“ мора да обезбедат доказ дека се вакцинирале против Ковид-19 до средината на септември, доколку сакаат да останат на работа. Исклучоци ќе бидат направени само од медицински и религиозни причини, наведе издавачот Фред Рајан во писмо до вработените.

Добавувачите и гостите на весникот, сопственост на најбогатиот човек на светот Џеф Безос, исто така ќе бидат примени во редакцијата само со документ за вакцинација.

Новата политика за вакцинација на изданието доаѓа во услови на зголемување на случаите Ковид-19 во САД, што се припишува на позаразната Делта варијанта на вирусот.

Рајан рече дека повеќето вработени во весникот веќе доставиле документ за вакцинација. Тој истакна дека одлуката не е лесна, но верува дека планот е исправен со оглед на здравствената состојба.

Би можело да ве интересира

Вашингтон пост: САД ќе донираат милиони вакцини против Ковид-19 од „Фајзер“

А1он

Националната гарда ќе и помага на полицијата на протестот во Вашингтон

А1он

Вашингтон подготвен за протести на приврзаници на Трамп

А1он

Израел: Воени медицински тимови во домашна посета на болни од Ковид-19

А1он

Пет месеци по вакцинација со Синофарм антителата опаѓаат за 70 проценти

А1он

Заштитната маска нема повеќе да биде задолжителна во Белгија

А1он