Вашингтон пост: ФБИ кај Трамп барале документи за нуклеарно оружје

Од:

Агенти на ФБИ барале документи поврзани со темата – нуклеарно оружје, за време на претресот на домот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп на Флорида, објави Вашингтон пост. Не е познато дали такви документи се пронајдени во Палм Бич, каде се наоѓа куќата на Доналд Трамп, пишува Вашингтон пост.

Министерството за правда побара од истражниот судија да издаде налог со кој се овластува претрес во викендицата на Трамп, за јавноста да дознае повеќе за тоа што точно бараат истражителите при досега невидениот претрес на домот на поранешниот претседател. Трамп ги нарече настаните во Флорида оваа недела политичка одмазда.

Пристигнувањето на истражителите на Флорида е дел од истрагата што се обидува да утврди дали Трамп незаконски отстранил документи од Белата куќа кога ја напуштил функцијата во јануари 2021 година.

Државниот обвинител Мерик Гарланд рече дека тој лично ја одобрил одлуката да се нареди претрес.

„Министерството не носи лесно такви одлуки. Секогаш кога е можно, практиката е да се користат помалку наметливи средства за истрага и да се стесни нејзиниот опсег”, рече Гарланд.

Неговата потврда е невообичаена, имајќи предвид дека американското Министерство за правда вообичаено не разговара за тековните истраги. Но, во овој случај, Трамп во понеделникот вечерта објави дека се претресува неговиот дом.

Гарланд рече дека Министерството за правда побарало од судот да го објави запечатениот налог за претрес, што би можело да ја расветли природата на истрагата.

Извор запознат со истрагата рече дека агентите на ФБИ одзеле десет кутии од домот на Трамп за време на претресот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Бајден: Само еден претседателски кандидат е ментално неспособен, тоа не сум јас

Катерина Ѓуровски

Ќе ги ослободам напаѓачите на Капитол и ќе ја затворам границата најави Трамп

Катерина Ѓуровски

„Нема подобар и попаметен„ – Трамп го испофали премиерот на Унгарија: Орбан е фантастичен лидер

Катерина Ѓуровски

Ники Хејли се откажа од претседателската трка, Трамп сигурно ќе биде кандидат

ВИДЕО: Бајден и Трамп слават по „Супер вторник“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Трамп и Бајден мешаат држави, грешат имиња: Најстарите кандидати во историјата ќе водат битка за САД