Борци од терористичките групи од Блискиот исток и Африка минуваат во редовите на „Исламска држава“

Од:

Борци од терористичките групи од Блискиот исток и Африка, вклучувајќи ги и оние што се поврзани со Ал Каеда, преминуваат во редовите на „Исламска држава“ (ИД), која постигна сериозни успеси во последните месеци во Сирија и Ирак, пишува весникот „Вашингтон пост“, цитиран од ИТАР-ТАСС.

Американскиот дневен весник, повикувајќи се на претставници на американската Влада кои имаат достап до доверливите разузнавачки информации, пишува дека неодамна кон ИД се приклучиле и исламисти од јеменската ќелија на Ал Каеда и од Либија.

Американските специјални безбедносни служби прогнозираат заддржување на тенденцијата на зацврстување на „Исламска држава“ како резултат на дотокот на нови екстремисти од другите групи.

Според проценки на американските разузнавачи, ИД во моментов располага со околу 10.000 борци. Од нив, меѓу три и 5.000 броци не се родени во Ирак или Сирија – двете земји кои претставуваат широка база на групата.

Меѓу борците на ИД имало и десетина Американци.

Би можело да ве интересира

По масакрот во Москва, Исламската држава се врти кон Европа и Америка

ИСИС-К планира уште еден терористички напад во следните шест месеци

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Турција уапси 34 лица поврзани со Исламската држава

Истанбул: Уапсен е експерт за бомби на ИСИС

17-годишник со турско потекло е уапсен во Виена поради планирање терористички напад