Вашингтон бара кинеските дипломати да го информираат за состаноци во САД

Од:

Кинеските дипломати во иднина ќе треба однапред да го известат Стејт департментот за секакви средби со државни, локални и општински власти во САД, како и со претставници на образовни и истражувачки институции, соопшти висок претставник на Стејт департментот.

Тој рече дека тоа е мерка на реципроцитет на третманот што го имаат американските дипломати во Кина и не е поврзано со никаков друг аспект од билатералните односи кои се разнишани поради трговската војна меѓу двете земји.

– Оваа мерка е одговор на она што го прави кинеската Влада за да ја ограничи интеракцијата на наши дипломати со политички личности во Кина, рече дипломатот.

Тој информира дека американските дипломати во Кина не само што треба да ја известат Владата за нивните планирани состаноци со кинески граѓани и службеници, туку треба да добијат и дозвола.

– Она што се обидуваме да го постигнеме е реципрочна состојба, која се надевам ќе резултира во тоа што кинеската влада ќе им даде на американските дипломати поголем пристап до кинеските граѓани и службеници, додаде дипломатот.

Тој не наведе какви ќе бидат последиците за кинеските дипломати кои нема да ја почитуваат мерката.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел