Варшава незадоволна заради организирање на спомен на Аушвиц во Чешка

Од:

Полската влада не се согласува спомен-одбележувањата за 70-годишнината од ослободувањето на Аушвиц, кои на 26-27 јануари ги подготвува Европскиот еврејски конгрес, да се одржат во Прага, пишуваат чешките медиуми.

Иако според некои извори, се известува дека полската премиерка Ева Копачова своето незадоволство во телефонски разговор му го соопштила на својот чешки колега Бохуслав Соботка, тој тоа го негираше, јави дописникот на МИА од чешкиот главен град.

„Чесите, кои не се поддржувачи на остри санкции против Русија, му даваат подарок на Путин со организирањето на конкурентски  прослави против тие кои во Музејот на Аушвиц ги подготвува Полска. Тоа е чудно“, цитира неименуван канцелариски работник полскиот весник „Газета Виборча”.

„Информацијата во полските весници е лажна, немало телефонски повик со жалба од полската премиерка“, изјави Соботка.

Според него, настаните организирани во Чешка во никој случај не се конкуренција на спомен-одбележувањата во Полска.

Претходно, беше најавено дека руската делегација која ќе присуствува на манифестациите во Чешка, на покана на чешкиот претседател Милош Земан ќе ја предводи претседателот Владимир Путин.

Составот на делегацијата на Руската федерација која ќе учествува во Полска не е соопштен, а учеството на Путин, кој во земјата е критикуван заради настаните во Украина е малку веројатно.

Аушвиц е најголем нацистички концентрационен логор за масовно уништување, каде биле убиени најмалку 1,1 милион луѓе, од кои еден милион Евреи.

Би можело да ве интересира

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Горан Наумовски

Пијан провалил во козметички салон во Полска и заспал, го разбудила полицијата

(ВИДЕО) Тепачка, солзавец и шок бомби: Полициска пресметка со земјоделците во Варшава

Полска: Подготвени сме да го браниме НАТО од секаков напад

Тенк прегази двајца војници во Полска: Едниот загина, другиот во критична состојба