Вархеји: ЕУ не смее да го изневери Западен Балкан, нема време за чекање

Од:

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји изјави во Блед дека Европската Унија не смее да си дозволи да го изневери Западен Балкан и дека нема повеќе време за чекање.

– Проширувањето е процес, има фази и тоа е повеќе административен процес отколку политички. Треба да зборуваме за политичка, економска, социјална и безбедносна интеграција. Ова се теми за Западен Балкан. Имаме свеж пример – Авганистан. Авганистан е далеку, но Западен Балкан е тука. Нашата одговорност кон Балканот е поголема отколку кон Авганистан. Не можеме да си дозволиме да го изневериме Западен Балкан, истакна Вархеји на панелот „Иднината на Европа“ во рамки на 16. Бледски стратешки форум.

Тој додаде дека Европската унија треба со „сензитивна моќ“ да ги мотивира земјите од Западен Балкан, но мора да постои и мотивација во самите држави.

– Мора да бидеме одлучни да ја одржиме таа мотивација и да увериме дека понудата која ја ставивме на маса е искрена. На тој начин можеме да ги забрзаме работите. Авганистан ни одржа лекција и немаме повеќе време за трошење, рече еврокомесарот.

Би можело да ве интересира

Меркел вети дека ќе продолжи поддршката од ЕУ за Турција

Ана Ололовска

Блинкен – Борел: Потребно е да продолжи пристапниот процес со Македонија и Албанија

А1он

Дендијас: Грција е прва земја членка на ЕУ од ЈИЕ и се обврзува да го внесе Западен Балкан во Унијата

А1он

Ескобар: Дијалогот Белград – Приштина го води ЕУ со поддршка на САД

А1он

Ескобар: Американската политика кон Западен Балкан со еден збор е евроинтеграција

А1он

Раст на евросекптицизмот во Романија

А1он