Варадкар: Велика Британија може да побара одлагање на брегзит

Велика Британија можеби ќе побара продолжување на рокот за излез од Европската унија по 29 март, но тоа не е неизбежно, изјави денеска ирскиот премиер Лео Варадкар.

– Мислам дека не е неизбежно, но секако е можно. Ако дојде до одлагање, мора да биде со намена, мора да биде со цел да се обезбеди и ратификува договорот, рече Варадкар.

Ирскиот премиер истакна дека никој не сака овој застој да трае со месеци.

Едно од главните спорни прашања во преговорите меѓу Велика Британија и ЕУ за брегзит е границата помеѓу Република Ирска и британската покраина Северна Ирска.

Би можело да ве интересира

Анкета: Тереза Меј е слаб премиер, сметаат половина од Британците

Хамонд се закани дека ќе ја собори британската Влада доколку Лондон излезе од ЕУ без договор

Брегзит без договор ќе ја чини Велика Британија 60 милијарди фунти

Дали Лондон ќе остане финансиски центар и по Брегзит?

Ана Ололовска

Борис Џонсон размислува да го истурка Брегзит без британскиот Парламент

Фон дер Лајен: Брегзит може да се одложи и по трет пат

Ана Ололовска