Ванг: САД да не си играат со оган во врска со Тајван

Од:

Министерот за надворешни работи на Кина, Ванг Ји изјави дека САД не треба да си „играат со оган“ во врска со Тајван, откако Вашингтон најави дека планира да им продаде оружје вредно 2,2 милијарди долари.

Американскиот Стејт департмент на почетокот на оваа недела му одобри на Пентагон продажба на оруже на Тајван – тенкови „М1А2& Абрамс, ракети „Стингер“ и придружна опрема.

Ванг за време на официјалната посета на Унгарија рече дека неговата земја е „сериозно загрижена“ во врска со планираната посета на тајванската претседателка Цаи Ин Вен на Њујорк.

Тој рече дека Кина бара од САД да се придржува на принципот „една Кина“ и да не дозволи престој на тајванската претседателка во Њујорк и Вашингтон да прекине со каква било официјална размена со овој остров, кој Кина го смета за свој.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана

Малолетник убил девојче со 114 убоди од нож, сега му се заканува доживотен затвор

Горан Наумовски