Ванг: Потребен е зелен коридор за извоз на жито од Русија и од Украина

Од:

Шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји изјави е неопходно да се создаде „зелен коридор“ за да биде обезбеден извоз на жито од Русија и од Украина.

– Во сегашната ситуација, меѓународната заедница треба да придонесе за прекин на огнот што е можно поскоро, за да се обезбеди зелен коридор за извоз на жито од Русија и од Украина, истакна Ванг за време на виртуелната средба со германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок.

Тој потенцира дека Кина е подготвена да биде во контакт со сите страни за извозот на жито.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Нова корупциска афера во Украина, осомничен е министер за земјоделство

Русите прават голем напредок во источна Украина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија