Валс, не ги исполнува критериумите на движењето на Макрон за да биде кандидат за пратеник

Од:

Поранешниот социјалистички премиер Мануел Валс, не ги исполнува критериумите на движењето „Републиката во движење“ на новоизбраниот претседател Емануел Макрон за да биде кандидат за пратеник, јавува дописникот на МИА од Париз.

dobivaj vesti na viber

– До денеска, тоj не ги исполнува критериумите за да биде канидидиран од Републиката напред. И затоа, во овој случај, Националната комисија за назначување кандидати не може да ја анализира кандидатурата на господин Валс, рече Жан-Пол Делевој, претседател на комисијата за кандидирање на движењето на Емануел Макрон.

Мануел Валс не доби посебен третман од новото движење иако јасно ги пресече врските со Социјалистичката партија, за која вчера изјави дека е „мртва“. Движењето на Макрон, веќе имало свој кандидат во Есон, каде сакаше да се кандидира Валс.

Жан-Пол Делевој исто така, соопшти дека Бруно Ле Мер, единствениот избран член на Републиканците, и кој отворено ја изрази својата намера да „работи во владиното мнозинство” околу новиот претседател, дека и тој не ги исполнува критериумите во моментов кои беа поставени до движењето Републиката напред.

Според Делевој, движењето нема за определба да ги „рециклира старите политичари“.

Би можело да ве интересира

Франција репатрираше група жени и деца од кампови на ИД во Сирија

Франција стана најголем купувач на руски природен гас: Која е причината?

Ле Мер: ЕУ работи на алтернативни начини за воведување глобална даночна стапка

А1он

Францускиот предлог стигна до Владата

Катерина Павлова-Николовска

Завршува Француското претседавање со Европската Унија

Јаел Браун-Пивет е избрана за претседателка на Националното собрание на Франција

А1он