Вакцини и храна за деловите во Шпанија погодени од бурата Филомена

Од:

Шпанската Влада ќе испрати вакцини против Ковид-19 и помош во храна, во областа изолирана од снежното невреме „Филомена“, што предизвика невидени врнежи од снег во централна Шпанија, а четири лица загинаа во близина на Мадрид.

Војската и спасувачките служби извлекоа 1.500 луѓе од автомобилите што останаа завеани на патиштата.

Маж и жена се удавија во река кога автомобилот им потонал во надојдената вода во близина на Малага, додека на истокот од земјата бездомник почина од смрзнување. Четвртата жртва е пронајдена во Мадрид, под големо количество снег.

Главниот аеродром во Мадрид сигурно ќе биде затворен до попладнево, а околу 20.000 километри патна мрежа се покриени со снег и сообраќајот е отежнат.

Министерот за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка ги повика граѓаните да не ги напуштаат своите домови без потреба.

Мадрид е погоден од најсилната снежна бура од 1971 година, соопшти метеоролошката агенција.

Би можело да ве интересира

Шпанците ја отстранија последната статуа на Франко

Седми по ред протест во Барселона поради апсењето на раперот Пабло Хасел

Ана Ололовска

ВИДЕО: Шеста ноќ по ред хаос, палења и апсења на протестите во Барселона

Во Шпанија повеќе од три милиони луѓе заразени со Ковид-19

Ана Ололовска

Шпанија со драстичен пад на бројот на странски туристи

Ана Ололовска

Во Мадрид прекината вакцинацијата поради недостиг од вакцини

Ана Ололовска