Вакцината за АстраЗенека за Ковид-19 би можела да биде готова до крајот на декември

Од:

Извршниот директор на фармацевтскиот гигант АстраЗенека објави дека вакцината за Ковид-19 која оваа компанија ја подготвува во соработка со Универзитетот Оксфорд би можела да биде готова веќе на крајот од декември.

„Регулаторите постојано работат со нашите податоци. Ако бидат брзи кога ќе бидеме подготвени би можеле да ги вакцинираме луѓето во јануари или веќе на крајот од декември“ – вели Паскал Сориот.

Британско-шведскиот произведувач и Оксфорд создаваат вакцина кој влегува во редот на оние од кои најмногу се очекува и која ветува многу во трката по лек за коронавирусот.

Европската Унија, САД, Велика Британија, Јапонија и Бразил имаат потпишано договори со АстраЗенека за испорака на вакцината кога таа ќе биде одобрена.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски