Вакцината на АстраЗенека предизвикува најмногу несакани дејства, тврдат австриските здравствени власти

Од:

Австриската служба за безбедност во здравството објави дека најмногу несакани ефекти во оваа земја од сите вакцини кои се на располагање има од онаа на Астразенека. Оваа вакцина предизвикува несакани ефекти во 14,9 случаи на 1000 вакцини.

Кај вакцината на Фајзер оваа бројка е 3,79, а кај вакцината на Модерна е 5,71 случаи на 1000 вакцини.

Вакцината на АстраЗенека ја примило 3961 лице, а пријавени се 59 случаи на несакани дејства. Најголемиот дел пријавиле дека имаат главоболка, температура, замор, болки на местото каде што ја примиле вакцината, како и болки во мускулите.

Температурата е пријавена како најчест несакан ефект.

Во повеќе болници во Австрија медицинскиот персонал одбил да ја прими вакцината на АстраЗенека поради несаканите ефекти, но и поради наводното послабо дејство, пред се против новите видови.

Според најавите од СЗО, Македонија треба да добие вкупно 103.200 дози од вакцината на АстраЗенека, развиена во соработка со угледниот Универзитет Оксфорд. Од вкупно 330 милиони дози обезбедени преку програмата КОВАКС за неразвиените и земјите во развој, над 75 отсто ќе бидат вакцини на АстраЗенека, произведени по лиценца во Индискиот институт за серум – најголемиот производител на вакцини во светот.

Би можело да ве интересира

Голем пораст на новозаразени со коронавирус во Австрија

Австрија од понеделник ги укинува сите ковид мерки

ЕУ одобри третман со лекот Сафнело на Астра Зенека за лица со лупус

Ана Ололовска

Австрија ги олеснува ограничувањата против Ковид-19

Австрија в понеделник го укинува „локдаунот“ за невакцинираните

Австрија воведува задолжителна вакцинација за сите над 18 години