Вакцинацијата во Австралија ќе започне во февруари

Од:

Вакцинацијата против коронавирусот во Австралија ќе започне во средината на февруари, а се планира 15 проценти од населението да ја прими до крајот на март.

Владата тврди дека нема причина итно да се одобри вакцината надвор од вообичаениот регулаторен процес како што тоа го сторија САД и некои други држави, бидејќи локалните стапки на пренесување во Австралија се многу пониски.

Вакцинацијата првично требаше да започне во март, но премиерот Скот Морисон денеска изјави дека очекува вакцината на „Фајзер“ да биде испорачана две недели откако беше одобрена од австралискиот регулатор на крајот на јануари. Тој рече дека сè оди „многу побрзо од вообичаено“.

Морисон изјави дека целта е да се вакцинираат околу 80.000 луѓе неделно и дека до крајот на март четири од 26 милиони Австралијци ќе примат вакцина.

Би можело да ве интересира

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

ВИДЕО: Идентификуван напаѓачот од Сиднеј, уби шестмина и избоде деветмесечно бебе

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он

ВИДЕО: Избезумени коали се држат за дрвја за време на сеча