Вакцина против Ковид-19 во Британија од вторник

Од:

Велика Британија ќе биде прва земја чии граѓани ќе примат вакцина против Ковид-19, а првите дози ќе бидат достапни од вторник, и тоа прво во болниците, а потоа и во останатите здравствени институции.

Вакцината први ќе ја примат лицата на возраст од над 80 години, здравствените работници, воспитачите и штитениците во домовите за стари и изнемоштени лица, соопшти Националната здравствена служба.

Британија минатата среда итно ја одобри вакцината на компаниите Фајзер и БиоНТек. Нарачани се околу 40 милиони дози, а бидејќи секому му се потребни по две, се претпоставува дека ќе бидат вакцинирани 20 од 67 милиони жители.

Првата недела ќе бидат достапни околу 800.000 дози, а вакцините се веќе пристигнати од Белгија и се чуваат на безбедни локации каде се проверува нивниот квалитет, соопшти британското Министерство за здравство.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски