Вагнер почна да тренира цивили: „Ако сакате мир, подгответе се за војна“

Од:

Лидерот на руската платеничка група Вагнер, Евгениј Пригожин, рече дека неговата организација почнала да тренира цивили во руските региони кои граничат со Украина за да може да формира полициски сили и да ја обезбеди областа.

„Вагнер помага и ќе продолжи да му помага на населението во пограничните области да научи да ги гради потребните структури и да ја обучува и организира полицијата“, рече Пригожин, додавајќи дека „голем број луѓе веќе се подготвени да ја бранат својата земја“.

„Ако сакате мир, подгответе се за војна“

Пригожин рече дека главна цел на Вагнер е изградба на објекти и школи за обука во регионите на Белгород и Курск, кои се под редовен напад на украинските сили во последните месеци, пишува АФП.

„Ако сакате мир, подгответе се за војна“, рече тој, инсистирајќи на тоа дека секој Русин има право да ја брани својата татковина како што му одговара.

Пригожин за прв пат овој септември призна дека ја основал групата Вагнер во Украина во 2014 година и дека нејзините платеници биле во Африка, Блискиот Исток и Латинска Америка. Пред тоа, тој негираше дека стои зад таа група. Руските закони забрануваат основање приватни воени компании.

Би можело да ве интересира

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците објавија снимка: Вака изгледа град кој го напаѓаат Русите

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Русите ги распоредуваат моќните ракети „Кх-69“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Американски снајперист во Украина: Мора да го запреме Путин

ВИДЕО: Русија жестоко нападна неколку украински градови, најтешко погоден Харков

Катерина Ѓуровски