В понеделник средба на СБ на ОН посветена на Украина, западните демократии со закани до Москва доколку се одлучи за инвазија

Од:

САД испратија барање за свикување средба на Советот за безбедност на ОН за Украина на 31 јануари, соопшти американската мисија во ОН. Сега е потребно целосно внимание на Советот и очекуваме директна и продуктивна дискусија в понеделник“, се вели во соопштението.

dobivaj vesti na viber

Американскиот претседател Џо Бајден во телефонски разговор со украинскиот лидер Володимир Зеленски ја потврдил подготвеноста на Вашингтон да одговори одлучно доколку Русија ја нападне Украина, соопшти денеска Белата куќа. Бајден, исто така, му рекол на Зеленски дека САД испитуваат дополнителна макроекономска поддршка за да и помогнат на економијата на Украина поради притисокот поради акумулацијата на руски војници, се додава во соопштението.

Претходно, украинскиот претседател објави дека во телефонски разговор со американскиот претседател Бајден дискутирал за деескалација на ситуацијата и за можноста за финансиска помош на Украина.

Процесот на отворање на гасоводот Северен тек 2 може да биде суспендиран во случај на руска инвазија на Украина, изјави синоќа претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

– Сакам да бидам многу јасна: ништо не е невозможно, сите опции се отворени, изјави фон дер Лајен за Си-Ен-Ен, одговарајќи на прашање за можно запирање на процесот на отворање на гасовод за транспорт на гас од Русија до Германија. Во исто време, продолжува дипломатската борба за ублажување на кризата што ја создаде Русија со распоредување на околу 100.000 војници долж границата со Украина.

„Комисијата е одговорна за изготвување, обликување и заострување на санкциите (против Русија) – на финансиско, економско и технолошки поле“, рече фон дер Лајен. Европската унија е најголемиот трговски партнер на Русија со околу 40 отсто од трговската размена, а воедно е и најголемиот странски инвеститор со 75 отсто директни инвестиции во Русија, изјави таа. – Овие бројки покажуваат дека имаме силни адути и дека тоа може да биде болно за Русија“, рече Фон дер Лајен за можните потези во случај на руски напад врз Украина. Претседателката на ЕК не сакаше да даде детали за пакетот санкции што Европската унија би можела да ги воведе кон Русија.

Кина треба да го искористи своето „влијание“ врз Русија и да ја одврати од напад на Украина, изјави синоќа заменик-државниот секретар на САД, Викторија Нуланд, повторувајќи дека гасоводот Северен тек 2 нема да биде оперативен доколку Русија ја нападне Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Њујорк тајмс: Три четвртини од Афроамериканците стравуваат од расистички напади

Ана Ололовска

Бајден не смее да влезе во Русија

Ана Ололовска

Лиз Трас: Русија е закана и за Молдавија

Ана Ололовска

Канада воведе санкции за рускиот милијардер, сопственикот на Индипендент

Ана Ололовска

Бајден-Јун: Северна Кореја и економијата во фокусот на првиот самит

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Руска армија: Уништивме пратка оружје од Запад

Ана Ололовска