Усвоена резолуција за продолжување на мисијата на ОН во Либија за три месеци

Од:

Советот за безбедност на ОН усвои резолуција за продолжување на мисијата на ОН во Либија за само три месеци.

Текстот го состави Велика Британија по неколкудневни спорови меѓу САД и Русија.

Краткиот текст, усвоен едногласно, предвидува мисијата да продолжи до 30 април. Претходната верзија на текстот предвидуваше дека мисијата на ОН ќе биде продолжена до 15 септември.

Либија се обидува да излезе од децениското насилство по падот на режимот на Моамер Гадафи во 2011 година, проследено со хаос во земјата, со борби за моќ меѓу западот и истокот на земјата и неодредено одложување на претседателските избори првично закажани за 24 декември минатата година.

Во усвоената резолуција не се споменува дека наскоро во таа земја ќе се одржат избори.

Резолуцијата само потсетува дека мисијата за поддршка на ОН во Либија (УНСМИЛ) треба да биде предводена од специјален пратеник кој треба да биде назначен од генералниот секретар.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините