Уставните измени во Русија утре стапуваат во сила, Путин ќе може да остане претседател до 2036 година

Од:

Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин потпиша указ за внесување на измените во Уставот на земјата, за кои на референдум гласаа 77,92 проценти од руските граѓани.

Измените треба да стапат во сила на 4 јули, се вели во соопштението на прес-службата на Кремљ.

Путин во април му предложи на горниот дом на Парламентот, Федералниот совет, да внесе измени во Уставот, по што во Државната дума беше внесен конкретен предлог-закон. Гласањето се одржа меѓу 25 јуни и 1 јули, а по пребројувањето беше утврдено дека речиси 58 милиони руски граѓани гласале за предложените измени кои предвидуваат Путин да добие можност да остане на претседателската функција до 2036 година.

Би можело да ве интересира

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“