Уставниот суд на Боливија ја призна сенаторката Жанин Анес за претседател на земјата, САД и Бразил веднаш ја признаа

Од:

Уставниот суд на Боливија го призна решението вториот потпретседател на Сенатот, опозициската сенаторка Жанин Анес да ја преземе функцијата привремен претседател на земјата. Таа синоќа во Сенатот се прогласи за преоден претседател на Боливија, и покрај немањето кворум во текот на гласањето за нејзин избор, бидејќи сенаторите на левичарската партија на поранешниот претседател Ево Моралес го бојкотираа гласањето, пренссоа британските медиуми.

Моралес вчераутро ја напушти земјата и замина за Мексико каде побара и веднаш му беше одобрен азил.

Моралес, како и првиот потпретседател на Боливија, пред два дена поднесоа оставки соочени со притисокот од антивладините протести заради обвинувањата за измама на претседателските избори од 20 октомври, на кои Моралес однесе убедлива поведа и се прогласи за старо-нов претседател уште по првиот круг од гласањето.

По слетувањето на аеродромот во Мексико Моралес изјави дека не с еоткаѓжува од политичката борба.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Каков хаос: Фудбалот стана ватерполо-судијата го продолжи мечот за 42 минути сред невреме

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се изгубил во џунгла и преживеал 31 ден: Пиел дождовница и јадел црви

Катерина Ѓуровски

Поранешната боливиска претседателка осудена на 10 години затвор

Најмалку 12 лица загинаа во поплави во Боливија

А1он

Речиси 150.000 хектари шума уништени во пожари во Боливија

А1он

Поранешниот боливиски лидер Ево Моралес позитивен на коронавирусот

Ана Ололовска