Успехот на опозицијата го загрозува мнозинството на Хезболах во либанскиот Парламент

Од:

Либанските опозициски групи и критичарите на либанското шиитско движење Хезболах постигнаа неочекуван успех на вчерашните парламентарни избори во земјата, поради што некои сојузници на вооружената група загубија места во парламентот, јави ДПА.

Според прелиминарните резултати цитирани од либанските медиуми, Хезболах ги загуби главните сојузници во планината Либан, исто како и на југот и во северен и источен Либан, од членовите на опозициските групи, што сугерира дека движењето може да го изгуби мнозинството во 128-члениот парламент. Опозицијата успеа на Хезболах да му одземе околу 10 пратенички места.

На изборите во 2018 година, Хезболах и неговите сојузници, меѓу кои и Христијанското слободно патриотско движење, освоија мнозинство од 71 место во парламентот.

Успех постигнаа и жестоките критичари на Хезболах, христијанските либански сили, кои соопштија дека сега тие се најголемиот христијански блок во парламентот, со повеќе од 20 пратенички места.

-Сега сме најголемиот христијански блок во парламентот. Ова е победа за сите Либанци, особено за оние кои веруваат во суверенитетот на државата и слободата, изјави портпаролката Антоанета Геагеа за ДПА.

„Оваа победа ја посветувам на младите и жените кои гласаа за мене“, изјави Најат Салиба, опозициски кандидат кој освои пратеничко место, пренесе ДПА.

Многу од опозициските кандидати се појавија по антивладините протести во 2019 година. Демонстрациите беа насочени, меѓу другото, против широко распространетата корупција во Либан.

Многу луѓе за проблемите на земјата ги обвинуваат етаблираните партии, кои се на власт со децении.

Повеќе од две години Либан страда од најтешката економска и финансиска криза во својата историја.

Според ОН, околу три четвртини од луѓето во Либан сега живеат под прагот на сиромаштија.

-И покрај сите тешкотии и скептицизам, изборите беа спроведени на позитивен начин, кажа на прес конференција министерот за внатрешни работи Басам Мавалави, кога ги објави и конечните резултати во пет области од земјата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Заменик-лидерот на Хамас загина во експлозија во Бејрут

Горан Наумовски

Во Бејрут залутани куршуми испукани за време на новогодишната прослава погодија два авиони

ВИДЕО: Разгневен Либанец држи во банка заложници и бара исплата на 200.000 долари на неговата сметка

А1он

Папата Франциск на годишнината од експлозијата во Либан се помоли за семејствата на жртвите

А1он

Пукотници и експлозии во Бејрут, двајца загинати и седуммина повредени

Хезболах бара да се смени судијата во истрагата за експлозијата во пристаништето во Бејрут

Ана Ололовска