Поради се полошата економска состојба во државата, предизвикана од повеќемесечните протести и лошите извозни резултати, Владата на Тајланд денеска објави дека актуелниот бесплатен јавен превоз ќе биде продолжен уште три месеци.
Тоа значи дека од 1 мај до 31 јули во градските и меѓуградски автобуси и во третата класа на железницата, Тајланѓаните нема да плаќаат билет.
Портпаролот на тајландската Влада, која поради поништените општи избори од февруари и натаму има статус на „преодна’’, изјави дека превозниците на време ќе добијат обесштетување за овие услуги.