Уште три лица во Саудиска Арабија починаа од МЕРС

Од:

Бројот на жртвите на Блискоисточниот респираторен синдром (МЕРС), сличен на САРС, во Саудиска Арабија се зголеми на 47 лица, по смртта на уште тројца заразени, соопшти саудиското Министерство за здравство.

Новите жртви на МЕРС, кој е предизвикан од коронавирусот, наречен МЕРС- ЦоВ, се 74 годишен маж од Медина, кој бил во контакт со лице заразено со овој вирус, 56-годишен странски државјанин, кој работел во медицинската служба и 53-годишен Саудиец од Ријад, кој боледувал од хронична болест.

Министерството соопшти дека се регистрирани уште пет случаи на заболени од МЕРС, меѓу кои се пет годишно девојче и еден тинејџер.

Саудиска Арабија е најмногу погодена од МЕРС, од кој според податоците на Светската завствена организација, ширум светот починале над 50 лица. Од повеќе од 100 регистрирани случаи на заразени во светот, 96 се од Саудиска Арабија.

Би можело да ве интересира

Политички скандал: Откажан мечот меѓу Фенербахче и Галатасарај во Саудиска Арабија

Економијата на Саудиска Арабија поминува низ турбуленции поради намаленото производството на нафта

Предраг Петровиќ

Фудбалерите разочарани од Саудиска Арабија-зедоа стотици милиони, но немаат публика

Махрез заврши во болница

Познато колку пари потрошиле Саудијците за засилување на нивната лига

Предраг Петровиќ

Саудијците ослободија Американец кој беше осуден на 19 години затвор поради твитови