Уште една жртва во протестите во Судан

Од:

Судански демонстрант беше убиен денеска за време на протестите против војската кои извршија државен удар пред повеќе од два месеци, соопштија медицинските лица.

Неидентификуваниот демонстрант беше убиен по „истрел во глава од пучистите додека учествуваше во демонстрациите“ денеска во градот Омдурман, соопшти независниот Централен комитет на лекарите во Судан.

Со тоа убиство, бројот на загинати во акцијата по пучот се искачи на 58, наведоа од тој комитет.

Илјадници Суданци денеска протестираат ширум земјата против воената управа, неколку дена откако цивилниот премиер Абдала Хамдок поднесе оставка, јави ДПА. И покрај зголеменото полициско присуство во Картум, демонстрантите се упатија кон претседателската палата во центарот на главниот град.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Објавени снимки: Украински специјалци го напѓаат Вагнер во Судан

(ВИДЕО) Гори зградата на позната нафтена компанија во Судан

Горан Наумовски

Итно предупредување од ООН: „Судан на работ од граѓанска војна“

Орце Костов

Конфликт во Судан: Објавен седумдневен прекин на огнот

Жестоки битки во главниот град на Судан, војската и бунтовниците се борат на улиците

Ана Ололовска

Во Судан, со стотици убиени и илјадници ранети, конфликтот не покажува знаци на намалување

Ана Ололовска