Уште една смртна казна извршена во Саудиска Арабија

Од:

Во Саудиска Арабија денеска е извршена смртна казна со отсекување глава на маж осуден поради нелегална трговија со дрога, со што бројот за извршените погубувања во таа земја од почетокот на годината се зголеми на 57.

Салех ал Јами е осуден поради нелегална трговија со хашиш и опојни дроги, како и поради ранување на неколку полицајци, соопшти Министерството за внатрешни работи. Погубувањето е извршено во јужната провинција Најран.

Со серијата егзекуции оваа година Саудиска Арабија ја вознемири пошироката јавност, а организацијата за заштита на човековите права Амнести интернешнл нагласи дека половина од погубените лица се осудени за дела во врска со дрога.

Според строгиот исламски шеријатски закон, смртна казна во таа земја се изрекува поради илегална трговија со дрога, силување, убиства, измама и вооружени грабежи.

Во Саудиска Арабија лани беа погубени 87 лица.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снег во Саудиска Арабија

Политички скандал: Откажан мечот меѓу Фенербахче и Галатасарај во Саудиска Арабија

Економијата на Саудиска Арабија поминува низ турбуленции поради намаленото производството на нафта

Предраг Петровиќ

Фудбалерите разочарани од Саудиска Арабија-зедоа стотици милиони, но немаат публика

Махрез заврши во болница

Познато колку пари потрошиле Саудијците за засилување на нивната лига

Предраг Петровиќ