Силна експлозија одекна од западните делови на поширокото подрачје на иранскиот главен град Техеран, јави денеска државната агенција ИРИБ.
Минатата недела се случија неколку експлозии во близина на нуклеарни и индустриски постројки.
Агенцијата ИРИБ не даде повеќе информации за причините за денешната експлозија и за можни жртви.