Уште еден новинар свирепо убиен во Мексико

Од:

Мексиканскиот новинар Телесфоро Сантијаго Енрикес убиен е во јужниот дел на земјата. Тој е четврти убиен новинар во Мексико од почетокот на годината.

Енрикес е убиен вчера додека патувал кон радиото Кафетал (El Cafetal), чиј основач беше тој. Неговото семејство соопшти дека Енрикес е убиен од огнено оружје, му било пукано во глава и во срце.

Енрикес во својата емисија често ја критикувал мексиканската Влада, а неодамна јавно ги осуди локалните власти за финансиски малверзации.

Во Мексико во јануари е убиен Рафаел Муруа директор на една локална радио станица, во февруари елиминиран е радио новинарот Хесус Рамос Родригес, а во март е убиен Сантиојаго Барозо, новинар на локален онлајн неделник.

Според Репортери без граници, Мексико по слободата на медиумите е на 147 место од вкупно 180 земји.

Мексико е една од најопасните земји за новинарите покрај Авганистан, Сирија и Јемен. Минатата година убиени се 10 новинари.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Почина американскиот новинар кој седум години беше заложник во либанската граѓанска војна

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Силен земјотрес го погоди Мексико

Доживотен затвор за свирепиот убиец од Кочани кој со 40 убоди уби жена

Анита Петровска Рајковиќ

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Мексико Сити