Уште еден еврејски кварт ќе се гради во Западен Брег

Од:

Новиот израелски министер за одбрана, Нафтали Бенет одобри изградба на нов кварт за еврејските доселеници во поделениот град Хеброн во Западен Брег.

Најавата за нова еврејска населба беше поздравена од израелските десничари, но наиде на осуда кај левичарите и пратениците Арапи.

Лидерот на сојузот на партии на израелските Арапи, Ајман Одех истакна дека тоа е „опасен чекор кон зајакнување на режимот на окупација на милионите Палестинци со што продолжува војната против мирот по опасната визија на десницата“.

Главниот палестински преговарач Саеб Ерекат за новата населба ги обвини САД, кои неодамна соопштија дека еврејските населби не се „спротивни на меѓународното право“.

Израел во окупираниот Западен Брег населува Евреи од кога ја освои територијата во војната во 1967 година. Колонизацијата е интензивирана последните години. Па така повеќе од 600.000 Израелци живеат во еврејските населби во Западен Брег и Источен Ерусалим.

Би можело да ве интересира

САД и Германија ги предупредија Израелците да не ја напаѓаат Рафа

Британците првпат со падобрани испорачаа помош во Газа, испратија порака и до Израел

Катерина Ѓуровски

Министерство за здравство во Газа: Досега починале 32.333 Палестинци

Израел не дозволува конвои со храна да минуваат до северниот дел на Газа

Катерина Ѓуровски

САД предлага итен прекин на огнот во Газа

Блинкен во обид да договори примирје меѓу Хамас и Израел