Уште две лица на Блискиот Исток починаа од короновирусот

Од:

Светската здравствена организација соопшти дека уште две лица починале од короновирусот, кој се шири во регионот на Блискиот Исток.

Најновите жртви се 66-годишен маж од Тунис и 56-годишна жена од Катар.

Според последните податоци на СЗО досега 52 лица од вкупно 110 заболени починале од вирусот, кој предизвикува респираторни проблеми, пвнемонија и проблеми со бубрезите. Најзасегната од вирусот е Саудиска Арабија.

Новиот вирус, кој СЗО го нарече „блискоисточен респираторен синдром (БИРС), е од истиот тип, како и ТОРС (тежок остар респираторен синдром), од кој починаа над 800 лица во целиот свет во 2003 година.

Би можело да ве интересира

Четворица осудени на смрт, двајца на доживотен затвор за убиство на политичар во Тунис

Катар: Ќе продолжиме финансиски да ги поддржуваме нашите браќа и сестри во Палестина

ВИДЕО: Германскиот претседател го оставија половина час да чека на жешкото сонце во Катар

Катар: Копнената инвазија на Газа ќе има катастрофални последици за регионот

Катерина Ѓуровски

Туниската полиција уапси стотици мигранти во крајбрежниот регион Сфакас

ВИДЕО: Хаос во Тунис, српските туристи за малку ќе се степаа со хотелиерите откако добија мувлосани соби

Предраг Петровиќ