Урнат дел од Кинескиот ѕид

Од:

Поројни дождови и градежни активности на плоштад во кинескиот град Жангјакоу во провинцијата Хебеј се причина за уривање на дел од Големиот кинески ѕид, објави весникот „Дејли телеграф“.

Во тек е истрага за причините за уривањето на дел од историскиот објект. Кинескиот ѕид е дел од списокот на светското историско наследство на УНЕСКО. Повеќе од 50 војни се водени во реонот на градот, каде се урна дел од ѕидот. Овој дел од ѕидот е оштетен од големиот број војни и бил реставриран во 1484 година од династијата Минг.

Голем број делови од Кинески ѕид не се изградени од тули и камења, туку од кал, што го прави подложен на ерозија, наведува весникот.

Би можело да ве интересира

Неуспешни преговори за електричните кинески автомобили

Предраг Петровиќ

Разговорите Кина-ЕУ за царината на електрични возила завршија со несогласувања

A1on

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ