Ураганот Роуз се движи кон Мексико

Од:

Ураганот Роуз, кој се формираше во водите на Пацификот западно од Мексико, се засили во бура од трета категорија, во чие жариште дуваат ветрови со брзина од 205 километри на час.

Ураганот се наоѓа на околу 900 километри од мексиканската сојузна држава Долна Калифорнија и се движи кон брегот со брзина од 17 километри на час.

Се очекува во текот на викендот ураганот да донесе силни дождови и ветрови во Мексико и југозападните делови на САД.

Мексико веќе се соочи со поројни дождови на северот на земјата во кои загинаа 12 лица, а уште 12 се исчезнати.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Мексико

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Мексико Сити

Гневни граѓани до смрт претепаа жена во Мексико осомничена за киднапирање и убиство на мало девојче

Најмалку четири лица се удавија во морето поради ураганот Нелсон во Шпанија

Демонстрантите во Мексико упаднаа во претседателската палата

ВИДЕО: Страотна несреќа во Мексико, 19 мртви