Ураганот „Лора“ ја загуби снагата и ослабна во тропска бура

Од:

Ураганот „Лора“ ослабе во тропска бура со максимален ветер од речиси 70 километри на час, откако ја погоди американската сојузна држава Луизијана.

Претходно, ураганот го погоди копното во близина на местото Камерон во Луизијана со максимални ветрови од 240 километри на час, што предизвика поплави и голема материјална штета.

Гувернерот на Луизијана, Џон Бел Едвардс соопшти за првата жртва, 14-годишно девојче кое починало кога паднало дрво врз нејзината куќа.

– Очекуваме дека може да има повеќе жртви, објави на Твитер портпаролката на Едвардс Кристина Стивенс.

Едвардс и гувернерот на Тексас, Грег Абот, рекоа дека ангажирале екипи за спасување.

Гувернерот на Луизијана на Твитер ги предупреди жителите на три заедници во југозападниот дел да не излегуваат од дома и да ги затвораат прозорците и вратите, поради опасниот чад што се шири по пожарот во фабрика во областа погодена од ураганот.

Властите соопштија дека од фабриката на компанијата „БиоЛаб“, која произведува хемикалии што се користат во производи за чистење, истекол хлор.

Лаура е најсилното невреме што ги погоди САД оваа година.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат