Ураганот Јулија ја погоди Никарагва

Од:

Ураганот Јулија денеска го погоди брегот на Никарагва, соопшти Националниот центар за урагани, предупредувајќи за опасни временски услови во наредните денови ширум регионот.

Ураганот рано утрото падна на копно во близина на градот Лагуна де Перлас, носејќи силен ветер со брзина од 140 километри на час.

Се очекува ураганот постепено да слабее додека ја преминува Никарагва, а се предвидува дека ќе стигне до источниот дел на Пацификот до недела навечер.

Метеоролозите известуваат дека до утре Јулија ќе стигне до бреговите на Хондурас, Ел Салвадор и Гватемала.

Поројни поплави и лизгање на земјиштето опасни по живот се можни од обилните дождови над Централна Америка и јужно Мексико до почетокот на следната недела

Би можело да ве интересира

Најмалку четири лица се удавија во морето поради ураганот Нелсон во Шпанија

Четири лица загинаа во ураганот што го погоди југот на Русија

Најмалку 27 загинати во Мексико по ураганот Отис

(ВИДЕО) Ураганот Идалија ја опустоши Флорида, невреме како што не се памети во последните 100 години

Двајца мажи први жртви на ураганот Идалија

Мексико се подготвува за ураганот Розлин