Ураганот „Хермина“ пустоши во Флорида, прогласена вонредна состојба

Од:

Ураганот „Хермина“ пристигна до северозападот од Флорида, што е првиот ураган што директно ја погодил оваа најсончева американска држава по повеќе од една деценија.

Ураганот стигна од северозападниот брег на Мексиканскиот залив со ветар со брзина од 130 километри на час и силен дожд, пренесуваат американските медиуми.

Американскиот национален центар за урагани соопшти дека ураганот „удрил“ на тлото на Флорида еден и пол час по полноќ по локално време.

Според очекувањата, „Хермина“ ќе предизвика поплави и оштетувања, а гувернерот на Флорида, Рик Скот, предупреди на ситуации потенцијално опасно по животот на луѓето.

Гувернерот, наведуваат локалните медиуми, прогласи вонредна ситуација во повеќето од 67 окрузи во Флорида.

Би можело да ве интересира

Најмалку четири лица се удавија во морето поради ураганот Нелсон во Шпанија

Флорида ќе им забрани на децата под 14 години да користат социјални мрежи

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Авион се урна на автопат на Флорида, двајца мртви

(ВИДЕО) Авион се урна на камперска населба на Флорида, има мртви

Четири лица загинаа во ураганот што го погоди југот на Русија

(ВИДЕО) Крвава Ноќ на вештерките на Флорида: двајца мртви, 18 повредени

Катерина Ѓуровски