УНВТО очекува пад на туризмот за 70 отсто во светски рамки

Од:

Глобалниот туризам се очекува да падне за 70 проценти оваа година во однос на претходната, изјави шефот на Светската туристичка организација на Обединетите нации (УНВТО).

– Претходните глобални кризни ситуации доведоа до пад на туризмот од 10 до 20 проценти, но пандемијата Ковид-19 е полоша, рече генералниот секретар на УНВТО, Зураб Пололикашвили на видео конференција за новинари со говорници во Мадрид.

Тој рече дека ова лето поголем број луѓе ќе патуваат по копнен пат отколку со авиони, како и тоа дека планинскиот туризам ќе биде поактуелен од плажите.

УНВТО очекува меѓународните летови повеќе да продолжат во септември доколку вирусот биде под поголема контрола до тогаш.

Пололикашвили рече дека Европа ќе се смета за модел што треба да се следи, затоа што е најпосетуван регион и најдобро подготвен поради нејзината здравствена инфраструктура.

Според него, таканаречените „зелени коридори“ што ќе овозможат насочено патување меѓу два региона, во различни земји, кои покажале ниска стапка на инфекција со коронавирус, би можеле да бидат првиот чекор кон рестартирање на меѓународниот туризам.

Би можело да ве интересира

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Во земјава нема доволно кустоси, странски водичи раскажуваат поинаква историја за нашите локалитети

Катерина Ѓуровски