Универзитет Колумбија: Администрацијата на Трамп можела да спречи смрт од Ковид-19 на 210.000 Американци

Од:

Несоодветниот одговор на владата на американскиот претседател Доналд Трамп во борбата против пандемијата на Ковид-19 доведе до смртност од 130.000 до 210.000 случаи кои можеле да се спречат. Тоа е наведено во новата студија на тим експерти за јавно здравје и подготвеност при катастрофи, пишува „Гардијан“.

„САД ја претворија глобалната криза во катастрофална трагедија“, се вели во студијата на истражувачите од Универзитетот Колумбија.

„Откривме дека најмалку 130.000 смртни случаи и можеби 210.000 можеа да се спречат со навремена политичка интервенција и поголема федерална координација и лидерство“, велат истражувачите.

Многу значајни фактори кои влијаеја на смртноста за време на пандемијата беа присутни многу пред новиот коронавирус да се појави во државата Вашингтон на 20 јануари 2020 година – разбиен здравствен систем, несоодветен пристап до здравствена заштита, огромно здравствени, социјални и расни разлики меѓу најранливите групи во САД, известуваат авторите на студијата.

Ова се влошува со фактот дека администрацијата јавно ги дискредитира здравствените работници и науката воопшто, што ги попречува напорите на јавното здравство да се запре ширењето на коронавирусот, заклучија истражувачите.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски