УНИЦЕФ укажува на важноста на вакцинирањето на децата

Од:

Светската недела на имунизација чија тема годинава е „Дали сте во тек?“, има за цел да го сврти вниманието на јавноста кон важноста од вакцинирање на децата и ги повикува родителите да се информираат и да ги заштитат своите семејства со вакцинирање. Имунизацијата е една од најуспешните и најефикасни здравствени интервенции за заштита на здравјето на децата, но не смееме да ја сметаме за нешто дадено.

Ова го истакнува Бертран Демулен, претставник на УНИЦЕФ во Македонија, во писмена изјава по повод Светската недела на имунизација која почнува утре и ќе трае до 30 април.

– Секое новороденче мора да се имунизира. Во светски рамки вакцините против болести, како што се сипаници, детска парализа, дифтерија, пертузис и тетанус спасуваат 2-3 милиони детски животи секоја година. Ако не се вакцинираат против овие болести што можат да се превенираат, тогаш децата се соочуваат со вистински и непотребни здравствени ризици, посочува Демулен.

Неодамнешните епидемии од сипаници и голема кашлица во земјите во развој, но и во развиените земји, потенцира тој, потсетуваат дека имунизацијата е работа на сите нас.

– Здравјето на сите деца, без оглед дали се богати или сиромашни, зависи од нас. Во земјава над 90 отсто од децата се имунизирани. Сепак многу е важно овие високи стапки на имунизација да се одржат на тоа ниво. УНИЦЕФ се залага за доброволно вакцинирање. Родителите треба да ги добијат потребните информации за да можат да донесат основана одлука, вклучувајќи информации за големите придобивки од имунизацијата наспроти минималниот ризик од несакани ефекти, додава Демулен.

Би можело да ве интересира

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа

ВИДЕО: Израелците ја бомбардираа најголемата болница во Газа потврди СЗО