УНИЦЕФ: Талибанците се подготвени да дозволат девојчињата да се вратат во училиште

Од:

Талибанците покажаа подготвеност да им дозволат на авганистанските девојчиња да одат на училиште од следниот месец, што е едно од главните барања на меѓународната заедница, изјави денеска новата извршна директорка на УНИЦЕФ, Катарина Расел.

Таа посочи дека останува да се види дали нивната подготвеност ќе се оствари на 21 март.

-Де факто (талибанската) влада ни даде индикации дека имаат намера да го направат тоа, и се надеваме дека тоа ќе се случи и веруваме дека тоа треба да се случи, рече таа во ексклузивното интервју за АП, пренесува Бета.

Иако нема официјална забрана, на девојчињата од седмо или повисоки одделенија им е забрането да одат во училиште во поголемиот дел од земјата откако Талибанците ја презедоа власта.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан